Sunday, February 21, 2016

Без почеток и крај

(Кон вториот концерт на Дуке Бојаџиев, одржан на 21.2.2016 година во Метрополис арената)

Овој концерт за мене ниту почна ниту заврши.  Немаше ниту почеток ниту крај. Јас само се најдов во дел од животот на Дуке, а тој направи резови во мојот. Му ја почувствував душата. Кај него животот и музиката се едно. Па затоа ви велам, тој вечерва не послужи со дел од тоа едното.

Влог во себе си, е да се биде на концерт каде се сплотиле македонските музички врвови. Дуке, каролина, Влатко Стефановски, Тања Царовска, Исмаил Лумановски, Саша Николовки Ѓумар и извонредниот камерен оркестар.

Уште еднаш се нурнав во длабочината на македонскиот фолклор, на македонската музичка традиција, воодушевувајќи се од длабочината и полнотијата на тоа што го имаме. Колку е тоа неисцрпно, Коклу е тоа големо. Колку е тоа вселенско.

Нежности, емоции, вокален и инструменален раскош...

Мигновно ми помина ова случување. Со уста подотворена, со очи насолзени, со насмеан лик, со нозе и раце размрдани, а во стомакот трепет некој, некој  сладок немир, некоја возбуда...

Скоривање, будење...но и на срцето и на умот. Ова е развивање за мене, растење, поттик.

Треперам. Браво. Благодарам.












No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...