Friday, November 11, 2016

ЉУБОВ-Божана Трајковска

Да си љубов
и најмала да си
како иглен врв
љубов да се викаш.

Нека те донесе ако треба
ветрогонот,
светлиот обден
или пурпурниот залез
само љубов да се викаш.

Ако се населиш во мене
ќе те наречам:
очекувана,
неизнудена,
милногледа,
полнограда,
надрочена
неизгубена
само љубов да се викаш!

Ќе го најдеме рајот во себе си
ако љубовта со љубов се возврати!

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...