Saturday, November 19, 2016

Објавен препев на бугарски на „Божилак на исконот“ од Филип Димкоски

Издавачката куќа „Палмира“ од Стара Загора, Бугарија  деновиве објави препев на бугарски јазик на поетската збирка „Божилак на исконот“ од младиот македонски поет Филип Димкоски.



Стиховите ги препеа Палмира Никленова, а рецензијата е на познатиот  бугарскиот поет Танјо Клисуров, во која се вели:
„Филип Димкоски е оригинален и талентиран поет. Оригинален е заради две причини: поетскиот исказ си е негов, неповторлив и го разликува од неговите колеги по перо, а втората причина е неговиот тематски избор-природата.   Тој проникнува во неа, ја разбира и ја објаснува со уметнички сретства“-пишува Клисуров во рецензијата.

Промотивната турнеја на книгата, започна на 15 ноевмри со литературна средба на Филип Димкоски со средношколците од Казанлак, истата вечер следеше официјална промоција  во галеријата „Искра“ во Казанлак која беше исполнета до последно место, збогатена со музичка програма, а во организација на Oпштина Казанлак, Општинската библиотека „Искра“ и клубот „Млад писател“ при НЧ „Искра“.


Авторот пред казанлачката публика го претстави директорката на библиотеката Анна Кожухарова, а модераатор беше Станислав Прашнаков.






Во Стара Загора, промоцијата се одржа  на 16 ноември во куќата-музеј „Гео Милев“ , организирана од Библиотеката „Родина“ и литературниот клуб „Млад писател“ при народното читалиште „Родина“ основанo во 1860 година.





На настанот во современениот и интимен простор за книгата зборуваше поетот Тањо Клисуров, а се обрати и издавачот  на книгата и поет Димитар Никленов. 

Димкоски гостуваше и во првото радио основано  надвор од Софија, Радио Стара Загора, во програмата во живо каде говореше за бугарското издание, и за својата работа во литературата и новинарството.


Наместо закажаните две, заради интерес  на младите читатели,  на 18 ноември, Димкоски одржа три претставувања во Софија и тоа во познатото софиско средно училиште „Иван Вазов“ каде преку рецитации, прашања, одговори и излагања се дружеше со секцијата за  творечко пишување „Калиопа“ и групата „Убавината и уметноста и природата“.



Втората средба беше со учениците од ОУ „Христо Смирненски“ кое е база на Софискиот универзитет. Иако помали по возраст, учениците со интерес ја прифатија дружбата со младиот автор.


Официјалната вечерна промоција се одржа во Народното читалиште „П.К. Јаворов“ во присуство писатели, поети, млади и повозрасни љубители на поезијата, а програмата  беше збогатена со музичка програма во изведба на млади музичари.

Мило ми е што вечерва го запознав младиот македонски поет Филип Димкоски. Човек кој ја вдишува и издишува поезијата на природата. Колега, новинар имногу емотивен и талентиран. Претставувањето во НЧ П.К.Јаворов во Софија беше исполнето со исклучителна атмосфера на уметност и искреност.-рече една од присутните гостинки на промоцијата.

Книгата во Софија ја претстави познатата писателка Ина Креин

.


Задоволен сум од приемот на кој наиде мојата поезија во Бугарија. Имав средби со многубројна публика,  ме воодушеви  интересот од публиката и особено од нивното активно учество во настанот. Сите претставувања беа мошне професионално организирани. За тоа им сум благдарен на сите што беа вклучени во организацијата.  Секое споделување на љубов и искреност е празник. Јас деновиве навистина празнував во Бугарија-рече младиот поет Филип Димкоски.
Со шесте претставувања Филип ја заокружи сегашната  промотивна турнеја во Бугарија, но  најавени се и промоции во  бугарски други градови.




No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...