Monday, November 23, 2015

Уште седум дена за испраќање творби за Детскиот литературен фестивал ,,Ракатки”-2016



Триесетти (30) ноември е крајниот рок за испраќање на литературни творби (поезија и куса проза) за Детскиот литературен фестивал ,,Ракатки”-2016.

Творбите треба да бидат напишани на македонски литературен јазик, а учесниците од другите националности што живеат во Македонија можат да ја достават творбата на својот мајчин јазик, со превод на македонски.

Право на учество на фестивалот имаат сите ученици од Македонија, на возраст од 8 до 15 години.
Секое училиште може да учествува само со една творба, оценета и избрана како најдобра исклучиво од својата литературна секција, со записник оверен од директорот на училиштето.

Се препорачува да не се повторуваат учесниците од претходните фестивали, за да им се овозможи на повеќе ученици и ментори да учествуваат на оваа манифестација.

Творбата се доставува отчукана на компјутер во еден примерок, со име и презиме на авторот, одделение и училиште, како и име и презиме на менторот, негов телефон, мобилен и е-адреса, на адресата: Славка Арсова, ул. Јуриј Гагарин, бр.25/9, 1000 Скопје. 

Од сите пристигнати творби жири-комисијата на фестивалот составена од писатели за деца и млади ќе избере 30 најдобри творби, рангирани во три наградени категории, со кои авторите ќе настапат на фестивалот.

Одлуката на жири-комисијата ќе биде објавена на 15 декември годинава во додатокот за деца и млади „Колибри“ во весникот „Нова Македонија“ и со писмо до директорот на училиштето на избраниот ученик.
Дванаесеттиот републички детски литературен фестивал „Ракатки 2016“ ќе се одржи во април следната година.

Славка Арсова, претседателка на фестивалскиот одбор

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...