Sunday, November 22, 2015

Денови на македонската култура во Загреб

Од 25 до 28 ноември 2015 година, во Загреб ќе се одржат Деновите на македонската култура во организација на Здружението Спектрум.
Годинава во рамките на овие активности, здружението Спектрум ќе прослави 10 години од своето постоење.

Програмски измени има во однос на тоа дека досега се организираа трибини и предавања на истакнати професори од Загреб и од Скопје, проекции на филмови и литературни читања, а годинава преку распишаните конкурси и изборот на најдобри од истите, на млади уметници од Македонија, им се овозможи да ги претстават своите уметнички дела, надвор од границите на нивната татковина.

По свеченото отворање на 25 ноември, следи отворање на ликовната изложба од младиот уметник Кристијан Јованоски-Кетерник, студент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Жанета Вангели.
На 26 ќе бидат претставени краткометражните филмови на Мартина Михајлова и Ана Миновска.

Во петок на 27 ќе се претстават авторките Радица Стојановска и Елена Остреска кои ќе ги презентрираат нивните литературни дела.
Со предавањето на проф. д-р с.ц. Владимир Мартиновски  и прослава по повод десетгодишнината на здружението Спектрум, ќе завршат Деновите на македонска култура во Загреб.

Сите дела ќе бидат презентирани и на македонски и на хрватски јазик, во превод на членовите на Здружението Спектрум.
Сите настани се од отворен тип и сите заинтересирани се добредојдени.



No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...