Saturday, November 21, 2015

Никогаш не е доцна

За ништо, никогаш не  е доцна. Се додека има живост и искра во човековото битисување, жив е животот. Никогаш не е доцна (Никад није касно) се вика музичката емисија што се  емитува на српската телевизија Прва, босанската телевизија OBN и македонската телевизија Канал 5.
Таа им дава можност на луѓето со талент за пеење, што имаат над 45 години.

Учесници се луѓе со врвни пејачки способности. Некои прв пат држат микрофон в рака, други пак, почнале пејачка кариера, но заради различни причини не продолжиле, трети пак се инстументалисти, што сакаат да го докажат и измерат својот потенцијал и во пеењето.

Во секој случај, забавна, поучна и инспиративна емисија што треба да се гледа.

Од Македонија во оваа емисија учество зедоа музичарот Благој Маротов и неговата сопруга, исто така музичарка, Јулијана Маротова.

На официјалната страница на емисијата Никогаш не е доцна, за настапот на Маротов, со песната Кога ќе ми дојдеш ти (Кад ми дођеш ти) од Оливер Драгоевиќ, напишано е:

,,На моменти, не бевме сигурни дали е Оливер Драгоевиќ или Благој Маротов, Уживајте во блескавата интерптретација на професорот по музика"

Слушнете како ,,разлева" Маротов, и како преубаво пее неговата сопруга Јулијана.




No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...