Friday, November 13, 2015

Сага за еден трендафил

Есен е. Но  сè уште е топло. Трендафилите цветаат и мирисаат под слабото, 
но многу пријатно есенско сонце.  Уште малку ќе прецветаат, а напролет пак
ќе не радуваат со бои и мириси.
.,,Пак ќе процветам јас" e приказна низ стихови за еден трендафил.
Ви посакувам пријатни мигови со надеж дека стиховитве ќе пробудат убави чувства во вас. 




Утро е, 
сонцето измиено од утринската 
роса блеснува,
зеленилото се буди, 
животот во природата воскреснува.

И додека сонливите цветни чашки
се будат од сонот
кралот на цвеќињата – трендафилот
расцветува – седнува на тронот.

Седнав крај трендафилот,
сакав да зборувам со него,
но бидејќи тој не знае да збори
пенливиот извор ми вети
дека за него ќе ми говори.

Утро е, 
сонцето измиено од утринската 
роса блеснува,
зеленилото се буди, 
животот во природата воскреснува.

И додека сонливите цветни чашки
се будат од сонот
кралот на цвеќињата – трендафилот
расцветува – седнува на тронот.

Седнав крај трендафилот,
сакав да зборувам со него,
но бидејќи тој не знае да збори
пенливиот извор ми вети
дека за него ќе ми говори.

Рана пролет било тоа
кога водата од изворот дотекла
и на брегот семе
од некакво цвеќе довлекла.
Годините врвеле...
Ветерот веел, славејот пеел,
сончко со светлина тоа семе го поел,
а изворот со бисерни капки го доел.

Следната пролет крај изворот
на чистинка рамна
зелено стебло никнало,
нов живот пламнал.

Растеше со ветерот
со песна, шумот и птичјите летови,
а кога осамна следното утро
гранките на трендафилот
ги красеа црвени цветови.

Една по една гранките
црвени пупки се редеа
сé до рана есен
кога убавината и сјајот
почнаа да бледеат.

Капеа полека листовите
како што капеа латиците
тажен беше трендафилот,
тажно одлетуваа птиците.

И денот последен, есенски
во тага помина
и последниот трендафилов цвет
од нежно стебло се откина.

Снежната зима дојде
на децата им донесе радост,
но од трендафилот ни трага
згасна неговата младост.

Трендафилот го нема
покриен е под слоеви од снег,
но ќе расцвета штом пролет дојде
со првиот птичји ек.

Снегот се стопи
нема веќе зима сива дојде пролетта
со својата зелена грива.

Зелено е сé
развигорот подувна полека
црвениот трендафил расцветал
ни кажува дека дојде пролетта.

Ја слушнав приказната на изворот
се напив од неговата вода
опиен од пролетниот мирис
весело тргнав кон дома.

А ти трендафилу,
ти црвен крале пеј со потокот,
со птиците летај,
пак ќе дојдам да ти се восхитувам
а дотогаш
цветај, цветај.

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...