Thursday, November 12, 2015

Добро дојдовте! Добро ве најдов!

Во време на распад на општеството или поточно речено, во време на живеење во распаднато општество и во испревртен свет со сериозни социјални и политички проблеми, веројатно налудничаво изгледа да се пишува поезија за цветот, дрвјата, небото и реките, за човекот и неговот навраќање кон природата?
Будалесто е, нели?
А што ако токму сите проблеми во општеството се настанати заради нашето оддалечување од природата??? Што ако сета наша извештаченост и перверзност потекнува токму од таа причина???
Јас верувам дека е така. И верувам дека повторното сплотување меѓу природата и човекот се единствен начин да се промениме и здраво да функционираме.
Кога дишеш чист воздух,  зборуваш со цвеќињата, лежејќи на тревата и пиејќи ја нејзината роса, почнуваш да пееш, од срце да плачеш и да се смееш, природно и вистински да живееш.
На обој блог ќе имате можност да читате поезија од мојата втора стихозбирка ,,Божилак на исконот” која целосно и ја посветив на нашата создателка-ПРИРОДАТА.Ќе можете да читате   и нова поезија што ја создавам, како и мои новинарски текстови,   потоа ќе споделувам текстови, слики, фотографии, музика и поезија што мене ми се допаѓаат и се она што ме восхитува и кај мене а се надевам и кај вас ќе побуди исполнетост, убавина, возвишеност и среќа.

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...