Wednesday, November 25, 2015

Љубов за живот човечна

Печал

(Кочо Рацин)

Нема ли живот, нема ли
љубов за живот голема,
љубов за живот човечна
у виа гради аргатски?

Нема ли срце, нема ли
срце - на срца срцето,
срце - ширини широко
срце - длабини длабоко -
цел свет да збере, па да е
за виа гради малечко?

Нема ли бел ден, нема ли
ден да е над деновите,
ден да е на аргатите -
ден - с'лнце вишен високо
ден - море ширен широко,
с'лнце да запре, да стои
и времето зачудено:

срцето пука обрачи
и плиска знаме алово,
срцето што се отвора
и шири ширно широко -
целиот свет да загрне!









На 25 ноември 1939 објавена е стихозбирката ,,Бели мугри" од Кочо Рацин. Овој поет во белите мугри ги изнедри песните што осветлија многу утра, а силината и топлината од тие стихови ги огрева утрата до ден денес.

No comments:

Post a Comment

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...