Wednesday, November 18, 2015

Така ми дојде

Толку многу нови книги, толку многу нови романи, нови стихозбирки, нови книжевни манифестации, промоции, фестивали, здруженија.

Едно е сигурно, дека луѓето од областа на книжевноста си ја работат својата работа, онака како што знаат и умеат.
Нема да зборуваме за квалитет, зашто секој има различна перцепција кон тоа, што е убаво, а што не.

Меѓутоа се радувам што литератите со секој свој збор градат браник од љубов, за да го заштитат човештвото од бездната кон која тргнало.
Во главите и срцата на писателите живее љубовта, надежта, мирот, радоста и визијата за поубава утрешнина.

Тие секојдневно преку писанијата и настапите ги праќаат своите критики, ги презентираат своите ставови, ги опишуваат своите согледби и ги испишуваат своите визии, низ зборови полни душа, низ живи импулси кои се пробиваат низ глобалното духовно мртвило.

Можеби очите ни се запрашени од чадливиот густеж или истечени од лакоми погледи кон парите, но фрлете грст вода на очи и видете дека околу вас има луѓе во кои се уште има човечност.

Поети, прозаисти, сликари, вајари, графичари, пејачи, кант-автори, инструменталисти, актери, режисери, танчари, танчарки, балерини,  фотографи, дизајнери...кои со својата уметност се борат против злото што сака да завладее и до некаде му успева.

Се случуваат толку многу музички фестивали, концерти, ликовни изложби.

Во салите каде се одржуваат лажни проповеди и партиски собири, уметниците организараат концерти, фестивали и играат театарски претстави, во парковите каде што има насилство и дрога се организираат поетски читања и музички случувања, интернет просторот преполн со морбидности, шпиунирања, говор на омраза, уметниците преку социјалните мрежи го полнат со стихови, слики, уметнички фотографии, известувања за културно-уметнички случувања, го претвораат во оаза на доброто.

Си рамизлувам за големите Шарл Азнавур, Тони Бенет, Тереза Кесовија, Габи Новак, Радојка Шверко, Добрила Чабриќ, Милица Стојанова, Љупка Џундева, Мите Грозданов... Тие луѓе со огромен животен и професионален багаж се уште активно (многу поактивно од многу помлади нивни колеги) настапуваат, објавуваат нови албуми, снимаат нови песни.

 Верувам дека нивните импулсивни души го сеќаваат злото кое се заканува и затоа  сакаат да не обвијат со убавина преку своите вонвременски и вонсериски уметнички творби. Шарл Азнавур на 90 години го објави својот 46 албум, Тереза на 78 години објави албум и се уште активно настапува и држи концерти, Милица и Љупка имаат по над 80 години и се активи на театарската и филмската сцена, Чабриќ на 85 играше монодрама, а на сегашните 87 се уште е активна, Мите Грозданов завчера  ја играше репризата од својата најнова монодрама....
Што ги тера ним,  покрај богатите кариери и својата зрела старост да го прават тоа?

Сакаат да не заштитат, да ни порачаат, до најситно делче да ни ги пренесат вистинските вредности, да не уверат и да не натераат да ја бараме и да ја создаваме љубовта, убавината и добрината.

Напред уметници од сите области, од сите возрасти, од сите вери, од сите националности. Вие сте жители на светот па и вашите дела и пораки се за сиот свет.

Уметноста е чиста и полна љубов и затоа уметниците се воини во нашето време, наши херои, наши воини на светлината.

СЕТА ЉУБОВ И ПОЧИТ КОН НИВ!

2 comments:

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните односи бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и ќерка ми за друга жена 3 години. Се трудев да бидам силна само за моите деца, но не можев да ги контролирам болките што го мачат моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па направив веб-пребарување и наидов на страница каде што видов дека д-р Едиомо, изведувач на правопис, може да помогне да се вратат љубовниците. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг се врати дома по 2 дена. На овој начин се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. За решенија можете да го контактирате и д-р Едиомо, моќен волшебник
    1) Врати го дечкото
    2) Поврзете маж или жена
    3) Ако имате ноќни кобили
    4) Лек за ХИВ и хепатитис
    5) моќен магичен прстен
    6) магија за среќа
    7) Кршење со опсесија
    8) Неплодност кај мажи и жени.
    WhatsApp: +2349132180420 /
    +2348155926512
    Е-пошта: drediomo77@gmail.com

    ReplyDelete

Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот

    ООУ „Круме Кепески“- Кисела Вода, по повод патрониот празник на училиштето, распишува литературен конкурс на тема:     „Делото н...